Утрински Весник
Македонија

Меџити: Ја отворивме вратата кон 600 милиони евра за зелени проекти на ЕУ

Eu life programa.jpg

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска информира дека повиците за #EULIFE25 програмата се официјално отворени, а нашата земја е единствена во регионот што има пристап до овие средства.

MK Summit

Меџити ја повика домашната академска заедница, локалните самоуправи, научните и образовни институции, приватниот сектор и здруженијата на граѓани, да ја искористат оваа прилика и да аплицираат директно за некој од отворените повици, за да според него, зелените идеи да се претвараат во конкретни проекти поддржани од ЕУ!


LIFE Програмата поддржува проекти во четири клучни области:

– Заштита на природата и биодиверзитетот

– Циркуларна економија

– Климатска акција – ублажување и адаптација

– Чиста енергија и одржливи извори

Вашите идеи, визии и иницијативи за одржлива иднина сега можат да бидат поддржани со значителни европски средства, напиша на социјалните мрежи првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити.

За да се биде дел од програмата заинтересираните треба да се регистрираатза следење на виртуелните #EULife25 инфо денови од 13 до 15 мај, каде што имаат можност да добиваат совети и насоки за пополнување на апликациите директно од европските експерти.

 Повеќе информации за отворените повици и инфо деновите на следниот линк: https://cinea.ec.europa.eu/news-events/news/life-calls-proposals-2025-claim-your-share-eu600-million-and-help-create-sustainable-future-europe-2025-04-24_en .

Можете да прочитате

Екс-директорот Димовски најави одговор на наводите за злоупотреби во АНБ

(Видео) Молотов коктел фрлен во објект во Скопје

Северна Македонија на 51. место според Глобалниот индекс за мир за 2025 година