Утрински Весник
Македонија

Меџити: Ја напуштам Владата, тргнува во битката за Чаир

Img 3313.jpeg

Откако коалицијата Вреди официјално објави дека Изет Меџити ќе биде нивниот кандидат за градоначалник на општина Чаир, актуелниот министер за животна средина и просторно планирање се огласи на социјалните мрежи.

„Од срце – ви благодарам! Претседателството е повик што не можам да го одбијам! Претседателството е обврска што понизно ќе ја исполнам! За Чаир, се согласив да ја напуштам Владата и да се вратам меѓу мојот народ. Верувам и сум сигурен дека го направив вистинскиот избор. Затоа што луѓето од Чаир заслужуваат лидер кој бил, е и секогаш ќе биде меѓу нив, секогаш достапен да им понуди помош и поддршка. Победа. За Чаир. Нека биде за наше добро!“, напиша Меџити, порачувајќи ја пораката само на албански јазик.


Со ова, Меџити ќе ја напушти својата министерска функција за да влезе во изборната трка за прв човек на Чаир, најавувајќи директен ангажман и близок контакт со жителите на општината.

Можете да прочитате

Кумановец почина откако му се слошило додека возел на локален пат

Иницијатива на „Охрид SOS“  за воспоставување санитарно-заштитни зони околу Билјанини извори – Беј Бунар

Одбележување на Светскиот метеоролошки ден