Утрински Весник
Македонија

Меџити ја јагленоса Македонија – наместо за 2030, најави енергетска транзиција за 20 години потоа

4 2.jpg

Македонија првично планираше целосно да го исфрли агленот од употреба до 2027 година, но енергетската криза ги промени плановите па рокот за остварување на оваа цел беше продолжен до 2030 година, а сега, министерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити овој рок го поместува за уште 20 години.

За време на престојот во Вашингтон, Меџити објави шокантна вест – дека новата влада практично ќе ја замрзне енергетската транзиција на земјата од јаглен на обновливи извори, односно дека толку ќе ја забави што крајот се предвиодува за 2050 година, пренесе „Рацин.мк“.

„Северна Македонија има цел да се откаже од употребата на јаглен за енергетски потреби до 2050 година, почитувајќи ги роковите на ЕУ за транзиција кон обновливи извори на енергија”, изјави Меџити на 9-та годишна конференција за енергетска безбедност на Централна и Источна Европа во Вашингтон, пренесе „Рацин.мк“.

Дури и за рокот од 2050 години, Меџити смета дека ќе биде потребна силна финансиска и техничка поддршка од ЕУ и САД.

„Имајќи ја предвид стратешката позиција на Северна Македонија на Балканот, како и влијанието на војната во Украина и руското влијание, сакам да ја нагласам потребата од зголемено вклучување на САД и ЕУ. Оваа поддршка е од витално значење за да се обезбеди енергетска независност и да се намали руското влијание во регионот”, истакна Меџити во Вашингтон.

Можете да прочитате

Муцунски на средба со шпанскиот колега Хозе Мануел Албарес Буено                     

Собранието не го прифати Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за игри на среќа и забавни игри, во прво читање

Градоначалникот на Врапчиште: Тензиите во Галате ги направија луѓе од соседните општини