Утрински Весник
Македонија

Меџити: 1.500 здравствени работници ќе добијат решенија за работа, без разлика кој ги вработил

Medziti.webp.webp

Првиот заменик-претседател на Владата на Северна Македонија, Изет Меџити, соопшти дека владата има одлука за трансформација на здравствените работници кои биле вработени во минатото, но со години останале со привремени договори.

„Во овој период ќе донесеме само една одлука на владата за трансформација на оние кои биле вработени во здравството во минатите влади и останале со договори за работа, некои дури и со децении. Станува збор за 1.500 здравствени работници во Северна Македонија, кои ги држеле во неизвесност за да ги искористат пред избори, не им давале решенија за да ги користат како гласачи,” изјави Меџити во емисијата Politica на ТВ Глоби.


Тој истакна дека оваа влада не е одговорна за нивното вработување, но е решена да го реши проблемот.

„Ние не ги вработивме, но се разликуваме од другите. Донесовме владина одлука овие лица да се трансформираат од договори во трајни работни места, без разлика дали ги вработил ДУИ, СДСМ или некој друг. Важно е што тие им се потребни на здравствените институции, не може да се игра со луѓе кои 10 години работеле со договори,” потенцираше тој.

Според него, од 1500 вработени, 800 се Албанци, а решенијата ќе се доделат рамномерно: 50% Албанци и 50% Македонци.

Тој нагласи дека овој процес немаше да биде можен доколку се применуваше системот на балансирање.

Можете да прочитате

Се бара притвор за едно од лицата кои физички ја нападнале Арсовска – познати сите детали од Обвинителството

МВР: Одобрено 24 часовно обезбедување на градоначалничката Арсовска

Проф. Трајковски: Државата, односно градските комунални служби треба веднаш во присуство на илјадници полицајци да влезат во скопски Чаир и да ги урнат оние 150 бесправно изградени згради