Утрински Весник
Свет

„Ме истепа оти храната не му била вкусна“ – објавен исказот од Низама која беше брутално убиена во Градачац

„Ме истепа оти храната не му била вкусна“ – објавен исказот од Низама која беше брутално убиена во Градачац

Oбјавен е исказот што пред полицијата го дала Низама Хеќимовиќ, пред да биде убиена од нејзиниот насилен партнер, Нермин Сулејмановиќ во Босна и Херцеговина.

dobivaj vesti na viber

Пред убиството, Хеќимовиќ  го пријавила Сулејмановиќ дека ја тепал и ја малтретирал.

Во исказот што го објави „Аваз“ жената пријавила дека била претепана на 3 јули околу 19 часот и 30 минути во семејната куќа на Нермин Сулејмановиќ поради тоа што храната не му се допаднала.

Хеќимовиќ кусо потоа побарала да му се забрани на Сулејмановиќ да и се приближува.

„Како невенчана сопруга сакам да го искористам законот. Не сакам да давам изјава за настанот што го пријавив на 4 јули, но сакам на мојот невенчан сопруг да му се забрани да ми приоѓа, малтретира, а ситуацијата околу нашето дете ја разрешува надлежната институција. Јас повеќе не сакам да живеам со Нермин Сулејмановиќ, излегов од неговата куќа со моето дете и имајќи предвид дека Нермин е насилна личност. Тој се закани дека ќе ме најде каде и да сум“.

Нермин Сулејмановиќ во петокот на 11 август изврши масакар убивајќи ја Низама, по што усмрти уште две лица и на крајот се самоуби.

Со решение на судот во Градачац, за Нермин Сулејмановиќ не беше изречена забрана за приближување. Еден месец подоцна дошол во куќата во која била Низама и брутално ја убил и сè снимил на Инстаграм.

Можете да прочитате

Бројката на загинати во пожарот во комплексот во Хонг Конг се зголеми на 75, ќе расте уште

Северна Кореја го воведе рускиот јазик како задолжителен предмет во училиштата

Обвинителката Бонди ќе бара смртна казна за осомничениот што пукаше во припадниците на Националната гарда