Утрински Весник
Спорт

Мбапе најмногу ќе заработи оваа сезона, седми на листата е Андрес Иниеста

Dik 300x250 mk

Агенцијата „Спортико“ направи истражување за приходите на фудбалерите за сезоната 2022/2023. Ги земале предвид платите во клубот и приходите од спонзорите. Листата ја предводи Килијан Мбапе од ПСЖ.

dobivaj vesti na viber

Ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе убедливо го држи првото место. Во редовите на францускиот шампион има нереална плата од 105 милиони долари, рекламите му носат уште 20 милиони, што значи дека оваа сезона ќе инкасира вкупно 125 милиони долари.

Некои од спонзорите на француската ѕвезда се „Најки“, „Хуболт“, „Кристијан Диор“…
Зад Мбапе е Кристијано Роналдо. Неговата плата е 53 милиони долари, од спонзорите заработува уште 60 милиони. Магичната бројка од над 100 милиони долари ја надминува уште само Лионел Меси. Платата во ПСЖ му носи 62 милиони долари, а спонзорите му даваат уште 48 милиони.

Зад ова трио доаѓаат други познати имиња на светскиот фудбал. Интересно е што на седмото место е Андрес Иниеста кој настапува за јапонски Кобе.

Според информациите на „Спортико“, тој во Јапонија заработува 23 милиони долари годишно, а дополнителни седум милиони долари доаѓаат од спонзорски договори.

Можете да прочитате

УЕФА пред тужба за повреда на авторски права на новиот концепт на Лигата на шампиони

Македонските ракометари поразени од Јапонија

ФФМ ја пофали употребата на ВАР на натпреварот Вардар – Силекс