Утрински Весник
Спорт

Мбапе го купи францускиот второлигаш Каен

20240731160053 Big 730x400 22.webp.webp

Напаѓачот на француската репрезентација и на шпанскиот гигант Реал Мадрид, Килијан Мбапе, стана мнозински сопственик на францускиот фудбалски второлигаш Каен.
Мбапе купи 80 отсто од акциите на клубот преку неговиот инвестициски фонд Coalition Capital, додека Пјер-Антоан Каптон, актуелниот претседател на Надзорниот одбор, ќе остане малцински акционер со удел од 20%.
Клубот од стадионот Мишел д’Орнано досега беше во сопственост на американскиот инвестициски фонд Оактри.
Се шпекулира дека трансакцијата е вредна околу 15 милиони евра.
Последен пат Каен играше во француската Лига 1 во сезоната 2018/19. 

Можете да прочитате

САД не одобрија визи за дел од стручниот штаб на Иран пред СП

ФИФА воведува големи промени при интонирањето химни на СП 2026

Јамал фудбалер на сезоната во Ла Лига