Утрински Весник
Свет

Маж во САД влегол во канцеларија на политичар, со палка нападнал луѓе

Маж во САД влегол во канцеларија на политичар, со палка нападнал луѓе

Демократскиот пратеник од Вирџинија, Гери Коноли, рече дека маж со метална палка влегол во неговата канцеларија и нападнал двајца вработени, повредувајќи еден во главата.

dobivaj vesti na viber

Тој додаде дека повредените вработени се пренесени во болница.

Полицијата го идентификуваше напаѓачот како 49-годишниот Ксуан Ка Тран Фам од Ферфакс.

„Во овој момент не е јасно која била мотивацијата на осомничениот“, соопштуваат оттаму.

Си-Ен-Ен разговараше со таткото на напаѓачот, кој рече дека Фам боледува од шизофренија, дека три месеци не ги зема лековите и дека претходно бил обвинет за напад, но обвинението потоа било отфрлено.

Коноли наведува дека во моментот на нападот бил на церемонија на сечење лента и дека на полицијата и биле потребни околу пет минути за да одговори на повикот за помош.

Можете да прочитате

Трамп: САД ќе им помогнат на Полска и балтичките држави во случај на руски напад

Макрон: Ослободувањето на заложниците на Хамас е услов за отворање француска амбасада во Палестина

Трамп, Венс и 100 илјади луѓе ќе присуствуваат на комеморацијата за Чарли Кирк