Утрински Весник
Свет

Маж во Португалија убил три лица, па себе

Маж во Португалија убил три лица, па себе

Маж денеска уби три лица, а потоа се самоуби во португалскиот град Сетубал, на околу 45 километри јужно од главниот град, јави Си-Ен-Ен Португалија.

dobivaj vesti na viber

Полицискиот службеник Жоао Фреире изјави за Ројтерс дека по  пукање се пронајдени четири тела, чии причини и детали се уште не се познати.

На местото на настанот е полицискиот одред за криминал, додаде тој.

Си-Ен-Ен Португалија објави дека пукањето се случило околу 8 часот наутро во сиромашното предградие Сетубал наречено Баиро Азул и дека напаѓачот извршил самоубиство кога пристигнала полицијата.

Можете да прочитате

Стармер ќе распореди воени бродови во Северниот Атлантик и Арктикот

Стармер: Руската закана не завршува со Украина

Меѓународно истражување: Граѓаните се повеќе се убедени дека Третата светска војна е неизбежна