Утрински Весник
Балкан

Маж во Хрватска им се заканувал на луѓе на улица со нож – потоа му се слошило и починал

Hrvatska Policija 1.jpg

Психички растроен маж, вооружен со нож, им се заканувал на луѓе во Гарешница, Хрватска.

Според соопштението, полицијата утрово во 07:10 часот добила пријава од граѓани дека психички растроено машко лице во Велика Трновитица со трактор влегло на улица, а потоа се симнало од тракторот и им се заканувало на граѓани, пренесува Јутарњи лист.

На местото на настанот биле испратени шест полициски службеници кои интервенирале против маж кој не почитувал усни наредби и им се заканувал на полицајците со нож и секира.

За да го совладаат мажот, полициски службеници употребиле физичка сила и солзавец, по што му ставиле лисици на рацете.

При давање отпор, повредени биле двајца полицајци и еден полицаец.

Полициски службеници повикале брза помош на местото на настанот, а непосредно пред нивното пристигнување на мажот му се слошило. Итната медицинска помош се обидела да го реанимира човекот, но тој починал на местото на настанот. Ќе биде спроведена кривична истрага за да се утврдат сите околности.

Можете да прочитате

TикТок повторно достапен во Албанија, откако беше блокиран пред речиси една година

Стотици жени снимени во бугарски салони за убавина, снимките завршиле на порно страници

Земјоделците од цела Грција следната седмица ќе одржат дводневен протест во Атина