Утрински Весник
Македонија

Маж се удави во Дојранското Езеро

12b6dc05d6e7a1f334cb45bfd2304a0f.jpg

Претпладнево во 10:10 часот во СВР Струмица било пријавено дека во Дојранско Езеро се удавил маж. Според информацијата од полицијата, машкото лице скокнало во водата од чамец, пливало неколку метри, по што се удавило.

-Полициски службеници од ОВР Гевгелија се на местото на настанот. Запознаен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Велес, а повикани се нуркачки екипи за пронаоѓање на лицето, информираа од СВР Струмица.

Засега не се соопштува идентитетот на удавениот, а повеќе детали од полицијата најавуваат за подоцна.

Можете да прочитате

Од „Стави појас“ до заштита од семејно насилство – МВР со серија едукативни активности во повеќе градови

Зимата нагло ни се враќа: На планините на Балканот и до еден метар снег

Милошоски: СДС нема политички компас и реагира агресивно