Утрински Весник
Свет

Маж рани 20 лица во пукање во Сиднеј

Avstraliska policzija.png

Маж рани 20 лица во пукање на прометна улица во Сиднеј, соопшти полицијата во најнаселениот град во Австралија.

Напаѓачот вчера наводно случајно ги таргетирал автомобилите што минувале, вклучително и полициски автомобили. Тој испукал помеѓу 50 и 100 истрели, предизвикувајќи паника во областа.


Еден маж е во сериозна состојба. Неколку други се однесени во болница. Повеќето од другите жртви се повредени од скршено стакло.

Напаѓачот бил уапсен во стан во Сиднеј два часа по пукањето. Мажот, кој е во 60-тите години, бил однесен во болница откако се здобил со повреди за време на апсењето.

Масовните пукања се релативно ретки во Австралија. Автоматското и полуавтоматското оружје се забранети во земјата откако еден маж застрела и уби 35 лица во градот Порт Артур, на островот Тасманија, во 1996 година.

Можете да прочитате

13 затвореници беа пронајдени мртви во затвор во Јужен Еквадор

Стармер: Велика Британија работи со партнерите за мир во Украина

Зеленски: Преговараме за рамковен договор