Утрински Весник
Свет

Маж починал по напад од лав во зоолошка градина во Гана, се обидел да украде лавчиња

Маж починал по напад од лав во зоолошка градина во Гана, се обидел да украде лавчиња

Лав во зоолошката градина во Акра, главниот град на Гана, растргнал човек кој се качил на заградениот простор.

dobivaj vesti na viber

Мажот починал во неделата како последица на повредите.

Се сомнева дека човекот планирал да украде две бели лавчиња кои неодамна станаа нова атракција.

Зоолошката градина Акра е привремено затворена за јавноста по инцидентот. Полицијата покрена истрага за утврдување на мотивот на напаѓачот и околностите на нападот.

Во моментот на нападот во живеалиштето имало младенчиња, лав и лавица.

– Лавовите со младенчиња можат да почувствуваат дека сакате да ги киднапирате ако премногу им се приближите. Бараме од јавноста да се откаже од ваквите активности – изјави Бенито Овусу Био, заменик министер за природни ресурси.

За да влезе во живеалиштето, мажот се качил преку две огради, првата висока три метри, а втората висока шест метри.

Белите младенчиња беа голема атракција за посетителите на зоолошката градина. Има само десетина од нив во дивината, пренесе 24.хр.

Можете да прочитате

Британија лансираше монети во чест на бендот „Ајрон Мејден“

Трамп: Царините ќе важат од 1 август, продолжување нема

Макрон: Европа никогаш нема да ја напушти Украина