Утрински Весник
Магазин

Маж починал од срцев удар додека го гледал „Аватар 2“

Маж починал од срцев удар додека го гледал „Аватар 2“

Маж од Индија починал од срцев удар додека го гледал новиот филм на Џејмс Камерон, „Аватар – Патот на водата“.

dobivaj vesti na viber

Инцидентот се случил во областа Какинада во јужната држава Андра Прадеш кога маж идентификуван како Лакшмирди Срину колабирал во кино.

Според локалните медиуми, Срину бил со својот помлад брат кога колабирал среде филмот, а по пристигнувањето во болницата, лекарите констатирале смрт, пренесува „Индипендент“.

Зборувајќи за овој случај, директорот на болницата за „Хиндустан тајмс“ изјавил дека „по Ковидот, континуирано има воспаление во нашите крвни садови“.

„Поради стрес, зголемување на крвниот притисок, како што се случи во овој случај, артериите на срцето може да пукнат и тоа може да предизвика ненадеен срцев удар. Ова може да се должи на кинење на наслојките во коронарните артерии или предизвикување аритмија поради возбуда“, наведува докторот.

Тој додаде дека ваквите видови смрт се случуваат за време на возбудливи натпревари/емоционални ситуации.

„Малку е веројатно дека самиот филм ја предизвикал смртта“, додаде тој.

Ова не е првпат човек да умре додека гледа филм со Аватар.

Според „Вион њуз“, маж (42) од Тајван починал од срцев удар додека го гледал првиот дел од „Аватар“ во 2010 година.

Мажот имал историја на висок крвен притисок и „прекумерна возбуда од гледање филм“ ги активирала неговите симптоми.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста