Утрински Весник
Македонија

Маж од Неготино со мопед удри во куќа, тешко е повреден

Прегазен малолетен пешак во Кавадарци

Неготинец со мотоцикл „јамаха“ без регистрација загубил контрола и удрил во куќа.

dobivaj vesti na viber

Како што објави МВР, мажот го напуштил местото на насреќата, по што во болница во Неготино му биле констатирани тешки телесни повреди.

„На 17.05.2023 во 19.00 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека на крстосница на ул.„Ленинова“ со ул. „Даме Груев“ во Неготино, В.К.(33) од Неготино управувајќи мотоцикл „јамаха“ без регистарски ознаки, изгубил контрола и удрил во куќа, по што го напуштил местото. По несреќата, во болницата во Неготино на В.К. му биле констатирани тешки телесни повреди“, велат од МВР.

За настанот бил известен Јавен обвинител, а увид на местото на настанот извршила екипа од Полициска станица Неготино.

Можете да прочитате

Во АРМ ќе бидат примени нови 300 професионални војници

Сиљановска Давкова: Не мислам дека треба да има предвремени избори

Проштална средба меѓу Агелер и Мицкоски