Утрински Весник
Македонија

Маж од Крива Паланка дивеел на пат: Oткорнал сообраќаен знак, па запирал возила и гаѓал со предмети

Маж од Крива Паланка дивеел на пат: Oткорнал сообраќаен знак, па запирал возила и гаѓал со предмети

МВР поднесе кривична пријава против 31-годишно лице со иницијали С.С. од Крива Паланка, поради загрозување на безбедноста и сообраќајот.

dobivaj vesti na viber

Како што соопшти полицијата, мажот кај место викано „Осички Мост“ на улицата Св. Јоаким Осоговски, од улица откорнал сообраќаен знак. Потоа, со сообраќајниот знак на раскрсница на магистрален пат од Крива Паланка кон Деве Баир, запирал возила и фрлал со тврди предмети кон нив.

Воедно, додава, МВР, мажот со агресивно однесување и закани попречувал службени лица при вршење на службени дејства.

Можете да прочитате

Деветти ден штрајк со глад, Јанков повторно хоспитализиран

Радио Слободна Европа го гаси македонскиот сервис по 25 години работа

Каранфилова Пановска: Владината мерка за горивата е фрлање песок во очите на граѓаните