Утрински Весник
Македонија

Maж од Кочани измамен за 1.500 евра

Maж од Кочани измамен за 1.500 евра

Вчера во Полициската станица Кочани, 75-годишен жител на Кочани пријавил дека околу 10 часот бил измамен од едно лице за сума од 1.500 евра.

dobivaj vesti na viber

Според пријавеното, лицето му кажало дека направило сообраќајна незгода со друго лице – странец, кое не ги разбирало парите – евра и ако има да му даде да ги види.

Како што е пријавено, тој му дал часовник како гаранција, по што заминал и не се вратил, по што оштетениот сфатил дека е измамен. Се работи на расчистување на случајот, информираа од МВР.

Можете да прочитате

Меџити во 2 часот по полноќ се појавил во Трубарево

НЕВРЕМЕ ВО МАКЕДОНИЈА: Следуваат поројни дождови, грмежи и силен ветер!

Министерот за животна средина отсутен, новинарите го бараа на вонредниот пресс