Утрински Весник
Магазин

„Мател“ направи Барби кукла во чест на Тина Тарнер

„Мател“ направи Барби кукла во чест на Тина Тарнер

Компанијата за играчки „Мател“ (Mattel) ѝ оддаде почест на Тина Тарнер на 40-годишнината од нејзиниот хит What’s Love Got To Do With It со кукла Барби креирана по нејзиниот лик.

dobivaj vesti na viber

Куклата, која е дел од нивната музичка серија Barbie Signature, носи облека инспирирана од музичкиот спот за песната – црн мини фустан во комбинација со тексас јакна и нејзината препознатлива фризура.

„Чест ми е да ѝ посакам добредојде на својата Барби во групата на веќе претставени жени и да запознам повеќе деца со моето патување“, изјави Тарнер (82).

Осумкратната добитничка на „Греми“ уживаше огромен успех во доцните 60-ти и раните 70-ти, настапувајќи со нејзиниот поранешен сопруг Ајк Тарнер. Парот се разведе во 1978 година по бурниот брак.

На почетокот на ноември 2019 година, Тарнер присуствуваше на премиерната вечер на мјузиклот „Тина Тарнер“ на Бродвеј, кој ги прикажува нејзиниот живот и дело.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста