Утрински Весник
Свет

Матарела: Мораме да ги изгасиме воените пожари во Европа

545985.webp.webp

Италијанскиот претседател Серџо Матарела денеска изјави дека е неопходно да се изгаснат „воените пожари“ во Европа.

„До пред две години, Европа живееше во мир, кој сакаме да го одбраниме, зачуваме и целосно да го обновиме со елиминирање, отстранување, гаснење на ветровите и пожарите на војната кои веќе некое време се манифестираат во Европа и надвор од Европа“, рече Матарела на новинарите во поранешната резиденција на Силвио Берлускони која денес е претворена во седиште на странски новинари во Италија, пренесува АНСА.

Тој додаде дека денешниот свет е се повеќе интегриран и меѓусебно поврзан, поради што, како што наведе, има потреба од неконфликтни односи.

„Улогата на печатот е клучна и на тоа поле. Слободниот печат е чувар на слободата на луѓето“, истакна Матарела.

Палацо Грациоли, во близина на Пјаца Венеција во Рим, беше резиденција на покојниот италијански премиер и медиумски магнат Силвио Берлускони од 1995 до 2021 година.

Можете да прочитате

НАТО: Поддршката за Украина продолжува

Израел прифати примирје со Хезболах

Телефонски разговор Трудо-Трамп – 24info.mk