Утрински Весник
Свет

Масовно труење во Грција – причина е вода од водовод, девет деца завршија во болница

Voda.jpg

Над 100 луѓе, меѓу кои дури девет деца, завршија во болница поради гастроинтестинални проблеми наводно поврзани со консумирање вода за пиење во различни делови на Грција.

Девет деца се хоспитализирани на Клиниката за детски болести, а еден маж завршил на Одделот за интензивна нега, објави Прототема.

Здравствените служби се во состојба на готовност откако дознаа дека водата е технички неисправна во Стефановкио и Ризомилос откако над 100 лица се примени во болницата и Здравствениот дом во Велестин.

Според неофицијални информации, салмонела била пронајдена во столицата на две деца.

Граѓаните се информирани за забрана за консумирање вода за пиење и таа ќе трае, велат, најмалку 20 дена. Исто така, ќе се врши анализа и истрага на водата за да се утврди причината што ја предизвикала контаминацијата на водата.

Големо незадоволство има во двете грчки села бидејќи мештаните цела мината недела имале гастроинтестинални проблеми, а известувањето за неисправната вода било објавено дури во петокот кога се појавија болни деца.

„Управата за епидемиолошки надзор и интервенции за заразни болести ЕОДИ на 30.05.24 од Здравствен дом Велестино е известена за зголемен број на случаи на гастроентеритис кај жителите на Ризомилос и Стефановикиу во регионот на Магнезија“, се наведува во соопштението.

Гастроентеритис е инфекција и воспаление на слузницата на желудникот и цревата, што се манифестира со повраќање, дијареа и стомачни грчеви.

Можете да прочитате

Боксерскиот тренер на Самоа почина во Олимпиското село во Париз

Холанѓанец осуден за силување дете доби дозвола да се натпреварува на Олимпијадата

Бројот на загинати Палестинци во денешниот израелски воздушен напад за искачи на најмалку 30