Утрински Весник
Свет

Масовно пукање во ресторан во САД: Четири мртви, 20 повредени

Police.webp.webp

Најмалку четири лица се убиени, а 20 други се повредени во масовно пукање што се случи во ресторан во Јужна Каролина околу 1 часот по полноќ во саботата навечер, 

„По пристигнувањето на местото на настанот, заменик-шерифот пронашол голема група луѓе, од кои некои имале прострелни рани“, соопшти канцеларијата на шерифот.


Утврдено е дека во времето на пукањето во зградата имало околу стотина луѓе. „Неколку жртви и сведоци избегале во блиските комерцијални и станбени згради, барајќи засолниште од куршумите“, се вели во полициското соопштение, објави 4NEWS.mk

Потврдено е дека четири лица загинале на самото место, додека најмалку 20 се ранети, од кои четворица се во критична состојба, јавува ABC News .

Полицијата соопшти дека осомничениот е идентификуван, но засега не е познато дали е уапсен.

Можете да прочитате

Еден од најбараните терористи на ФБИ ќе биде екстрадиран во САД по 20 години бегство

Двајца убиени во нов американски напад врз брод во Тихиот Океан

Европејците масовно се свртуваат против Америка