Турските власти во 33 провинции во земјата уапсија 147 лица кои се осомничени за поврзаност со операциите на терористичката организација Исламска држава.
Ова го изјави министерот за внатрешни работи Али Јерликаја.
„Операцијата Херои-49 беше спроведена истовремено низ целата земја“, објави Јерликаја на платформата Х.
Минатиот месец двајца вооружени напаѓачи на Исламска држава убија турски државјанин во католичката црква Санта Марија во Истанбул.
Турската полиција ги фатила осомничените за нападот, за кој одговорноста ја презеде Исламската држава.