Утрински Весник
Свет

Mасовни протести во Перу против претседателот, еден загинат десетици повредени

Screenshot 2025 10 17 090125.jpg

Најмалку едно лице е убиено, а десетици граѓани и полицајци се повредени за време на демонстрациите во Перу против претседателот Хозе Херера, кој дојде на власт само пред неколку дена, објави денеска канцеларијата на државниот омбудсман.

Протестите во Перу интензивно се водат во последните шест месеци против корупцијата и зголемувањето на криминалот и против поранешната претседателка Дина Болуарте, која беше отстранета од функцијата минатиот четврток.


Откако парламентот гласаше за нејзиниот импичмент со мнозинство гласови, претседателот на парламентот Хозе Херера (38) ја презеде функцијата шеф на државата.

Демонстрациите, како и во претходните месеци во Индонезија, Непал, Кенија и Мадагаскар, ги предводат млади луѓе кои главно припаѓаат на „Генерацијата З“.

Можете да прочитате

Еден од најбараните терористи на ФБИ ќе биде екстрадиран во САД по 20 години бегство

Двајца убиени во нов американски напад врз брод во Тихиот Океан

Европејците масовно се свртуваат против Америка