Утрински Весник
Свет

Маск: Зеленски „се храни од мртвите тела на војниците“

Mask.jpg

Милијардерот Илон Маск ја засили својата критика кон украинскиот претседател Володимир Зеленски, поддржувајќи ги нападите на американскиот претседател Доналд Трамп врз него на Конзервативната политичка конференција (CPAC).

Извршниот директор на Тесла ја доведе во прашање смислата на војната во Украина и ја повтори тезата на Трамп дека Зеленски треба да организира избори.


-Толку многу луѓе умираат во ровови. За што? Ќе ви кажам за што – за најголемата корупциска машина што сум ја видел во животот, изјави Маск.

Претходно, во објава на Икс , Маск тврдеше дека Зеленски е „омразен“ од Украинците и дека „се храни од мртвите тела на своите војници“.
„Претседателот Трамп е во право што го игнорира и бара мир без Зеленски“, додаде Маск.

На конференцијата, аргентинскиот претседател Хавиер Милеј му подари моторна пила, симбол на неговата политика за радикално кратење на државните трошоци.

„Ова е моторна пила за бирократијата“, прокоментира Маск, држејќи го подарокот.

Можете да прочитате

Нов коронавирус кој може да се пренесе на луѓето е откриен во Кина

Деновиве ќе се знае како папата Франциск реагира на новата терапија

Неколку дена пред изборите во Германија, ЦДУ е под прагот на поддршка од 30 отсто, покажува анкета