Утрински Весник
Магазин

Маск воведе нова опција за твитерџиите со сино лого

Маск воведе нова опција за твитерџиите со сино лого

Елон Маск воведе уште една голема промена на „Твитер“. Корисниците на платформата во САД кои се претплатиле на услугата „Твитер блу“ за автентичност ќе можат да пишуваат објави кои содржат до 4.000 знаци по твит, што е 10 пати повеќе од вообичаено дозволено.

dobivaj vesti na viber

„Потребни ви се повеќе од 280 знаци за да се изразите? Знаеме дека тоа е она што многумина од вас го посакуваат. Колку и да ги сакаме добрите нишки, понекогаш сакате да напишете сè во една објава. Ве разбираме и затоа воведуваме подолги твитови“, објави Twitter Blue профилот.

Иако корисниците кои не се претплатени на „Твитер блу“не можат да објавуваат твитови подолги од 280 знаци, тие можат да ги видат објавите на оние што го прават тоа. Тие само треба да кликнат „види повеќе“ за да го погледнат целиот твит.

Можете да прочитате

Автомобилскиот екран на допир може да биде поопасен од телефонот

Австралиски плажи затворени по три напади од ајкули за два дена

Принцот Хари, Елтон Џон и Елизабет Харли го тужат „Дејли мејл“ за незаконско собирање податоци