Утрински Весник
Свет

Маск судски бара 134 милијарди долари од OpenAI и Microsoft

Mask.webp.webp

Илон Маск ги тужи OpenAI и Microsoft за сума до 134 милијарди долари, тврдејќи дека тие „нелегално профитирале“ од неговата претходна поддршка за организацијата што развива вештачка интелигенција, покажува судски документ објавен од американски медиуми.

OpenAI наводно добил помеѓу 65,5 милијарди и 109,4 милијарди долари од Маск од 2015 година, кога тој беше еден од основачите на тогашната непрофитна организација, а Microsoft помеѓу 13,3 милијарди и 25,1 милијарда долари, пишува во тужбата на милијардерот против двете компании.

OpenAI ја нарече „неоснована“ и дел од кампањата за „малтретирање“. Адвокатот на Microsoft рече дека нема докази дека компанијата „го помагала и го поттикнувала“ OpenAI.
Microsoft инвестираше во стартапот првпат во 2019 година.

Маск го напушти OpenAI во 2018 година, а денес ја води компанијата xAI, што има конкурентски „четбот“ Grok. Сега тврди дека OpenAI ја прекршил својата основачка мисија со реструктуирање од непрофитна организација во деловен субјект.

Судијата во Оукленд, Калифорнија, претходно овој месец пресуди дека судењето ќе оди пред порота и ќе почне во април.

Можете да прочитате

Во Нови Сад почна протест под мотото „Што значи победа?“ на кој повикаа студентите во блокада

Еквадор со  дополнителни 10.000 војници ќе се бори против наркокартелите

Трамп најави царини од 10 проценти за осум европски земји поради Гренланд