Утрински Весник
Магазин

Маск со прв ултиматум до вработените во „Твитер“

Маск со прв ултиматум до вработените во „Твитер“

„Твитер“ ќе започне да наплаќа 20 долари месечно за верификација.

dobivaj vesti na viber

Сега откако стана сопственик на „Твитер“, Илон Маск им го постави на вработените првиот ултиматум: почитувајте го краjниот рок за воведување платена верификација на „Твитер“ или пакувајте се и заминете.

Директивата е да се смени Twitter Blue, опционалната претплата на компанијата од 4.99 долари месечно што отклучува дополнителни функции, во поскапа претплата што ги верификува корисниците, дознава The Verge.

Вработените во „Твитер“ мора да го испочитуваат рокот за воведување такса за верификација на профилот, или ќе бидат отпуштени.

Планот на милијардерот е да воведе поскапа претплата што им овозможува на корисниците да добијат сина лого што означува верификуван профил. Планот е оваа измена да се воведе до крајниот рок до 7 ноември, а доколку дотогаш вработените не го сторат тоа, ќе добијат отказ.

Претходно верифицираните корисници би можеле да го изгубат синиот знак ако не платат.

Корисниците ќе треба да плаќаат 19.99 долари месечно. Според тековниот план, претходно проверените корисници ќе имаат 90 дена да се претплатат или ќе го изгубат синиот знак.

Самиот Маск на својот профил потврди дека работи на промени во процесот на верификација. „Целиот процес на верификација моментално се преработува“, напиша тој.

Опцијата Twitter Blue беше воведена пред една година. Досега вклучуваше начин за прелистување на некои статии без реклами и некои други персонализирани функции. Маск сега сака да го зголеми бројот на претплати на Twitter Blue.

Компанијата сè уште нема официјално соопштение за ова.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста