Утрински Весник
Македонија

Мартовските плати на здравствените работници 15 отсто поголеми, од април и повисоки пензии за 2.500 денари

Pari 1 1.jpg

Платите на здравствените работници за март ќе бидат поголеми за 15 отсто, а до крајот мандатот ќе бидат покачени за 40 – 50 проценти, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Одговорајќи на новинарски прашања по посетата на струмичко Ново Село, Мицкоски потсети и дека од 1 април ќе почне исплатата на линеарно зголемените пензии за 2 500 денари.


Буџетот во здравството, во Фондот за здравстено осигурување (ФЗО) е историски највисок, 53 милијарди денари, споредено со оние 35 кои беа во времето на короната е за 18 милјарди повеќе. Се враќаат долгови што ги генерираше претходната Влада, така што генерално инвестициите во здравството за нас се многу важни, истакна премиерот.

Во однос на пензиите, истакна дека со зголемувањето од април се реализира уште едно владино ветување.

Сакам да потврдам дека од 1 април ќе почне и исплатата на линеарно зголемените пензии за нови 2 500 денари со што со оние првични зголемувања и ова сега доаѓаме до оние 5 000 денари линеарно зголемување кое го ветивме во првата година. Еве, за помалку од една година, за девет месеци го реализираме. Сето она што го ветивме го испорачуваме кај граѓаните и продолжуваме да работиме за интересот на граѓаните, изјави Мицкоски.

Можете да прочитате

Филков до Милошоски: Наместо манипулации, одговорете за правосудниот хаос што го оставивте!

Милошоски: Сите чинители во општеството треба да дадат придонес за почитување и имплементација на постоечките законски норми

Сашко Митовски: Ако имавме држава, Тоневски ќе беше на обвинителна клупа, а не да дебатира со мене на медиум