Утрински Весник
Спорт

Мартинез го објави списокот – Белгија е фаворитот од сенка

Мартинез го објави списокот – Белгија е фаворитот од сенка

Катар е последната шанса за „златната генерација“ на Белгија да направи некој голем успех. Засега, најголемиот успех оваа генерација го постигна на минатото Светско првенство во Русија.

dobivaj vesti na viber

Селекторот Роберто Мартинез на десет дена пред почетокот на Мундијалот го објави списокот на патници за Катар, а на него е и Ромелу Лукаку.

Белгија во Катар патува како втора репрезентација на ФИФА-листата.

Мартинез требаше да донесе неколку тешки одлуки. На списокот ги нема Ориги, Бојат, Денајер. Но не се откажа од услугите на Ромелу Лукаку и Томас Мение. Овие двајца сè уште не се целосно рехабилитирани од повредите.

„На почетокот ќе бидеме без Лукаку. Затоа со нас имаме уште двајца напаѓачи, специјалци. Батшуаји има искуство од репрезентацијата. Опенда е сосема поинаков профил на играч. Работи напорно и отвора простор. Тоа е интересно. Против Полска покажа дека е подготвен“, изјави Мартинез и потсети дека на Мундијалот во Русија повреден отпатува и Винсент Компани, кој закрепна и до третиот меч.

Голмани: Тибо Куртоа (Реал Мадрид), Симон Мињоле (Клуб Бриж), Коен Кастелс (Волфсбург);

Одбрана: Јан Вертонген (Андерлехт), Тоби Алдервирелд (Антверпен), Леандер Дендонкер (Астон Вила), Зено Дебаст (Андерлехт), Артур Теат (Рен), Воут Фаес (Лестер)

Среден ред: Ханс Ванакен (Клуб Бриж), Аксел Витсел (Атлетико Мадрид), Јури Тилеманс (Лестер), Амаду Онана (Евертон), Кевин Де Брујне (Манчестер сити), Јаник Караско (Атлетико Мадрид), Торган Азар (Борусија Дортмунд), Тимоти Кастањ (Лестер), Томас Муние (Борусија Дортмунд)

Напад: Ромелу Лукаку (Интер), Миши Батшуаји (Фенербахче), Шарл Де Кетеларе (Милан), Еден Азар (Реал Мадрид), Жереми Доку (Рен), Дрис Мертенс (Галатасарај), Леандро Тросар (Брајтон), Лоис Опенда (Ленс).

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина