Утрински Весник
Спорт

Мартин за 0.064 секунди пред Бањаја во Германија, разликата сега е само 16 поени

Мартин за 0.064 секунди пред Бањаја во Германија, разликата сега е само 16 поени

Хорхе Мартин стигна до драматична победа на Германското ГП во Заксенринг, откако во текот на целата трка се бореше со светскиот шампион, Франческо „Пеко“ Бањаја, за да ја намали предноста на Италијанецот во генерален пласман на само 16 поени, во трка во која првите пет места ги освоија возачите на Дукати, покажувајќи ја доминацијата на италијанскиот производител.

dobivaj vesti na viber

Марк Маркез, шесткратниот светски шампион, кој од 2009 до 2022 постојано победуваше на оваа патека, беше еден од возачите кои не ја стартуваа трката по неверојатните пет пада во текот на викендот и по скршениот прст кој го доби. На стартот поради повреди и откажувања имаше само 19 мотоциклисти.

Бањаја ја одбрани пол-позицијата од Австралиецот Џек Милер, но потоа главен ривал за првото место му беше Мартин – двајцата мотоциклисти се одвоија далеку од главната група. По неколку промени на водството, Мартин успеа да го победи Бањаја. Далеку зад нив беше Жоан Зарко.

Бањаја останува лидер во генерален пласман со 160 поени, пред Мартин со 144 и Марко Бецеки, кој со четвртото место е на 126 поени.

Можете да прочитате

Рутинска победа на Реал кај Леганес

Дебакл на Хрватска во БиХ, Хрватите ќе останат без место на ЕП

Повредата на Димитријевиќ не е сериозна: Беше само силен грч , се ќе биде во ред набрзо