Утрински Весник
Спорт

Мартин во Дукати наместо Бастианини

Images 11.jpg

Возачот на Прамак Дукати и лидер во шампионатот во Мото ГП, Хорхе Мартин, ќе го замени Енео Бастианини во фабричкиот тим на Дукати, објави „Газета дело спорт“.

Според овој извор, соработката ќе започне во 2025 година.

Мартин пред две недели забележа двојна победа на Големата награда на Франција.

Шпанецот победи прво во спринтот, а потоа и во главната трка и ја забележа втората победа сезонава.

– Сите возачи сакаат да си го најдат местото. Со она што го направив и покажав мислам дека го заслужувам тоа. Но што е најважно, заслужувам место каде што ме сакаат и каде што се борат за мене – изјави тогаш Хорхе Мартин, очигледно малку исфрустриран од бавноста на одлучувањето во Дукати.

Тимот по трката во Каталунија, на која победи Франческо Банаја, најави дека до крајот на неделата ништо не треба да биде официјално во врска со вториот возач за претстојната сезона, но со оглед на тоа што шпекулациите растат, Дукати сепак би можел да се огласи порано.

Хорхе Мартин е пред клучна одлука во кариерата, барајќи тим кој ќе го препознае неговиот талент и е подготвен да го следи во борбата за титули.

– Трпелив сум, но решен да ја најдам вистинската средина – изјави Мартин.

Можете да прочитате

Вардар 1961 со победа го заврши настапот на европската сцена

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк