Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Мартин од домашен притвор до бегство и смрт со експлозив во Белград

Martin sipkovski belgrad.jpg
300x250 opst2

Младиот Македонец Мартин Сипковски (21), кој загина во експлозија во стан во Белград, имал криминално досие во Македонија. Според информациите, Сипковски бил осуден за обид за убиство, откако пред две години во два наврати пукал во скопјанец.

Скопскиот Кривичен суд го осудил на 7 години и 6 месеци затвор, а до правосилност на пресудата тој бил во домашен притвор. Сепак, Сипковски побегнал во Србија, по што судот му го преиначил домашниот во затворски притвор.


Во евиденцијата на македонската полиција се води и пријава за палење на автомобил, кој тој сам го снимал додека горел.

Поранешен ракометар на Вардар, Сипковски се повлекол од спортот поради повреда, а подоцна, според пишувањата, потпишал договор со модна агенција во Истанбул и бил студент на Факултетот за бизнис и менаџмент во Скопје.

Според српските медиуми, Сипковски поседувал 1,5 килограми експлозив „пентрит“, кој наводно бил наменет за ликвидација на членови на криминална организација од Нов Белград. Српската полиција го привела Филип В. (26) под сомнение дека му го предал експлозивот на Сипковски за чување.

Истражните органи претпоставуваат дека експлозивот бил активиран поради неспретност, што довело до силна детонација во станот на третиот кат на улицата Косовска. Станот целосно бил разрушен, а телото на Сипковски било пронајдено на лице место.

Неговиот идентитет бил потврден преку ДНК анализа, со размена на податоци меѓу српските и македонските власти.

Можете да прочитате

Пешак и куче удрени од автомобил: Човекот со тешки повреди, миленикот починал на лице место

Димитриевиќ: Преспанските овоштари жртви на неспособноста на ДПМНЕ

Лишена од слобода сопругата на лекарот кој вчера беше жртва на обид за убиство во Куманово