Утрински Весник
Скопје

„Марш на ангелите“ во сабота во Скопје

Roditeli na zaginatite vo kocani pred sobranie.jpeg

Во сабота (15.11.2025) во Скопје ќе се одржи новиот протестен „Марш за ангелите“, во знак на сеќавање на 63-те жртви од трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Маршот на семејствата на загинатите, кои инаку секоја сабота маршираат во Кочани, овој пат ќе започне во 12:05 часот на плоштадот „Македонија“, од каде што учесниците ќе продолжат кон Собранието и Основниот кривичен суд Скопје.


„Нашите деца умреа на 16 март. Шеесет и три деца кои никогаш повеќе нема да ги видиме. Не бараме милост, туку вистина и правда. Болката е наша, но борбата е за сите нас. Ни треба ваша поддршка,“ порачаа семејствата на загинатите во својот повик до граѓаните да им се придружат во маршот за правда и одговорност.

Во среда, на 19 ноември, треба да започне судскиот процес за несреќата во „Пулс“. Државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски најави дека обвинението ќе го застапува тим од околу 15 обвинители со јасно утврден план за координација, со цел постапката да се одвива без одложувања.

Обвинението опфаќа 34 физички и три правни лица обвинети за тешки дела против општата сигурност.

Можете да прочитате

Се реконструира улицата ,,Светозар Марковиќ” во Центар

„Комунална хигиена“ во февруари собрала 11.000 тони комунален отпад

Братот и вујко на загинатите мајка и ќерка во скопски Карпош се огласи – тие беа жртви на семејно насилство