Утрински Весник
Македонија

„Марш на ангелите“ во сабота – Граѓаните повикани на достоинствен собир за правда

Kocani20122025.jpg

Здружението на граѓани „16-ти Март“ упати отворен повик до јавноста за учество во „Маршот на ангелите“, кој ќе се одржи оваа сабота, 21 февруари, со почеток во 15:05 часот.

Настанот е замислен како достоинствен и тивок собир посветен на сеќавањето на прерано изгубените млади животи, но и како силен апел за итна и вистинска правда, пренесе 4news.mk. Организаторите истакнуваат дека маршот има за цел да побара одговорност за секоја неправда и да ги потсети институциите дека правдата не смее да доцни.

„Овој марш е глас на семејствата, пријателите и целата заедница која не се помирува со молкот и нерешените прашања. Чекориме за да потсетиме дека изгубените животи нè обврзуваат на упорност“, се наведува во повикот на Здружението „16-ти Март“.

Граѓаните се повикани да се приклучат во што поголем број и со своето присуство да дадат поддршка на семејствата кои сè уште трагаат по вистината и правдата. Пораката на организаторите е маршот да помине достоинствено, тивко, но одлучно, со јасна порака дека борбата за правда продолжува сè до нејзиното целосно остварување.

Можете да прочитате

СДСМ: Сиљановска вели колегите и кажале за авионот, а што велат за најниските плати во Европа

Најмногу поскапеле становите во Куманово, Тетово, Карпош, Кисела Вода и Гази Баба

Комеморација за актерката Ленче Делова во Драмски театар