Американеот Џеси Марш не ја прифати понудата на Лестер да стане нов менаџер на клубот од стадионот „Кинг Пауер“.
Лестер е без менаџер од 2 април, кога Брендан Роџерс доби отказ поради лошите резултати на клубот во Премиер лигата.
Марш изминативе денови преговараше со челниците на Лестер, но не беше постигнат договор.
„Лисиците“, во моментов се на претпоследното место на табелата во Премиер лигата со само 25 бодови.
Марш (49) е без работа од февруари кога беше отпуштен од Лидс, а претходно ги водеше Монтреал, Њујорк, Салцбург и Лајпциг.