Утрински Весник
Спорт

Мароко бара „Адидас“ да го повлече дресот на Алжир

Мароко бара „Адидас“ да го повлече дресот на Алжир

Министерството за култура на Мароко побара од германскиот производител на спортска опрема „Адидас“, да ја повлече својата нова колекција на дресови на фудбалската репрезентација на Алжир.

dobivaj vesti na viber

Тие ја обвинуваат компанијата за грубо присвојување на симболот на „мароканското културно наследство“, дозна агенцијата АФП од адвокатот на мароканското министерство.

„Ова е кражба на мотивите инспирирани од мароканската керамика што се појавуваат на дресовите на Алжир, што го натера Министерството да дејствува по итна постапка“, изјави извор од Министерството за култура на Мароко.

Во официјалното известување испратено од адвокатот до извршниот директор на „Адидас“, Каспер Рорстед, се осудува „културното присвојување и обидот да се украде модел од мароканското културно наследство за да се користи надвор од неговиот контекст“.

Мене Мурад Еладитини, адвокатот на министерството, побара дресот да биде повлечен во рок од две недели.

„Мароканското Министерство за култура го задржува правото да ги користи сите можни правни постапки пред германските и меѓународните судови“, предупредува адвокатот во писмото.

Тој, исто така, се закани дека ќе го претстави случајот „на организациите кои се одговорни за заштита на културното наследство и авторските права, како што се УНЕСКО и ВИПО, со цел да се заштитат елементите на мароканското културно наследство“.

„Адидас“ на 23. септември, на социјалната мрежа „Твитер“, ја претстави колекцијата „Phenex“ на алжирската репрезентација „инспирирана од културата и традицијата“.

Овој нов дизајн, според „Адидас“, ја црпи својата инспирација од палатата Мехуар во Тлемцен, во северозападниот дел на Алжир.

Алжирските власти сметаат дека барањето на Мароко е „целосно неоправдано“.

 

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига