Утрински Весник
Спорт

Мароканската федерација ќе „подели“ 13 илјади билети за полуфиналето со Франција

Мароканската федерација ќе „подели“ 13 илјади билети за полуфиналето со Франција

Мароканската фудбалска федерација објави дека ќе подели 13.000 бесплатни билети за навивачите за утрешниот голем ден, полуфиналето од Светското првенство против Франција.

dobivaj vesti na viber

Мароканците се најголемото изненадување на Мундијалот, како прва африканска нација која стигнала до полуфиналето по 1:0 победата над Португалија и претходната елиминација на Шпанија. Според „Би-би-си“, мароканските фанови, кои и така беа меѓу најбројните во Катар, ќе добијат 13 илјади билети за мечевите, а исто така со националната авио-компанија „Ројал Ер Марок“ се договорени 30 чартер-летови со кои ќе пристигнат навивачите во Доха од Казабланка.

„Исклучителниот и херојски подвиг на репрезентацијата на СП во 2022 секогаш ќе биде во сеќавањата на сите Мароканци. Перформансите секако, дојдоа со помош на 12. играч, публиката на трибините“, се вели во објавата на федерацијата.

Можете да прочитате

Тежок инцидент во РК Загреб, Кос го нокаутирал соиграчот Мандиќ

ФИФА го избира најдобриот: Родри, Вини или можеби Меси?

Омерагиќ официјално кандидат за претседател на ФФМ