Утрински Весник
Спорт

Маркез повторно вози: Не можам да престанам да се смеам

Маркез повторно вози: Не можам да престанам да се смеам

Шпанецот Марк Маркез се во редовите на Репсол Хонда, со што си ги зголеми шансите за настап во тестирањата пред Големата награда на Сан Марино следната недела во Мисано.

dobivaj vesti na viber

Откако се повлече од Светскиот шампионат во Мото ГП на почетокот на јуни за да му биде опериран хумерусот на десната рака, Маркез неодамна доби зелено светло да го „интензивира тренингот и да ја процени состојбата на раката кога управува со мотоциклот“.

Осумкратниот светски шампион на патеката во Арагон излезе со моделот „Honda CBR600“.

„Не можам да престанам да се смеам денес. По огромен напор, се вратив, повторно возам. Им благодарам на сите кои секогаш ме туркаат“, изјави Маркез.

Шпанецот очекува многу брзо да знае дали последната операција за подобрување на подвижноста на раката и намалување на болката била успешна. Под претпоставка дека се оди добро во Арагон, учеството во Мисано не треба да биде доведено во прашање.

Маркез сезонава освои 60 бода, а најдобар пласман му е четвртото место во Каталонија.

Следната трка, 14. по ред, е закажана за 4 септември во Сан Марино.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Marc Márquez (@marcmarquez93)

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина