Утрински Весник
Спорт

Марканен најмногу напредувал оваа сезона

Марканен најмногу напредувал оваа сезона

Лаури Марканен од Јута Џез најмногу напредувал во НБА лигата. Тој ја доби оваа награда за сезоната 2022/2023.

dobivaj vesti na viber

Финскиот кошаркар одличните партии од Евробаскетот ги пренесе во регуларниот дел од сезоната во НБА и во новиот тим Јута, по трејдот од Кливленд.

За клубот од Солт Лејк Сити имаше просек од 25,6 поени и 8,6 скока наспроти 14,8 поени и 5,7 скока во претходната сезона. Марканен прв пат во кариерата играше на Ол-стар натпреварот.

„Џезерите“ на стартот од сезоната важеа за најпријатното изненадување во лигата, сепак не успеаја да влезат во плеј-офот. Сезоната Јута ја заврши на 11. место во Западната конференција.

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина