Утрински Весник
Спорт

Марк се сели кај братот Алекс во Гресини?

Марк се сели кај братот Алекс во Гресини?

Репсол Хонда и Марк Маркез се подготвени за разделба. Шпанецот според најавите кариерата ќе ја продолжи во Гресини.

dobivaj vesti na viber

Веста не е официјализирана, но „Speedweek“ пренесува дека работата е завршена. Според истиот извор, Маркез имал договор со сателитскиот тим на Дукати по трките во Заксенринг и Асен, на крајот на јуни.

Тој во Силверстоун на 4. август изјави дека има договор со Хонда до 2024. Но, исто така, призна дека е во преговори со многу тимови.

Доколку се реализира овој трансфер, тој повторно ќе биде со својот помлад брат Алекс, со кого делеше гаража во 2020 година кога и двајцата возеа во Репсол Хонда.

Марк е осумкратен шампион, а во кралската класа освои шест титули во 2013, 2014 и од 2016 до 2019 година, четири по ред, со што го доби епитетот на еден од најголемите мотоциклисти на сите времиња.

Сепак, тој имаше големи проблеми во последниве години по повредата на раката и трите операции кои му беа извршени во 2020 година. Оттогаш никако не може да се врати во препознатливата форма и во тој период само забележа три победи (сите во 2021 година).

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност