Утрински Весник
Свет

Марин Ле Пен сака да се кандидира за претседател на Франција, премиерската функција не ја интересира

20260401105007 big 730x400 90.webp.webp

Лидерката на француската десничарска партија „Национален фронт“, Марин Ле Пен, потврди дека планира да се кандидира за претседателската функција на изборите предвидени за наредната година.

Ле Пен во интервјуто за весникот „Паризјен“ вели дека не ја интересира премиерската функција како „утешна награда“.


„Договорено е меѓу мене и Жордан (Бардела) дека, ако правосудниот систем не ме спречи, ќе бидам кандидат на претседателските избори, а тој ќе биде мој премиер“, вели таа.

Се очекува на 7 јули да биде соопштено дали Судот ќе и даде можност на Ле Пен да се кандидира за претседател, откако претходно во првостепена пресуда и беше изречена петгодишна забрана за вршење јавна функција.

Ле Пен ја минимизираше важноста на разликите во анкетите и потенцијалните коалицирања на лидерот на партијата Бардела со други десничарски партии, истакнувајќи дека „најважно е што анкетите и натаму покажуваат висок рејтинг на кандидатите на Националниот фронт за првиот круг“.

Можете да прочитате

Трамп: Сериозно размислувам за повлекување на САД од НАТО

Силен земјотрес го погоди поширокиот регион на Токио

Рубио: САД се задоволни од напредокот во Венецуела, на Куба ѝ се потребни реформи