Утрински Весник
Македонија

Маричиќ: Заедничкиот придонес на централната власт со дијаспората нуди прагматични решенија

Maricic.jpg

На денешната координативна средба со претставници на канцлеариите за дијаспората од општините во Македонија Првиот заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ разговараше за предизвиците со кои се соочува македонската дијаспора во странство.

Маричиќ ја истакна важноста на координацијата на претставниците со оглед на тоа потребно е да се решаваат и да се земаат во предвид предизвиците, прашањата и проблемите со кои се соочуваат македонските државјани кои живеат во странство.

На состанокот присутните дискутираа за систематско утврдување на приоритетите на дијаспората; обезбедување на механизам на соработка кој ќе биде од заемна корист за државата и дијаспората.

На средбата беше истакната важноста од присуство и координација со матичните служби, пензинскиот фонд, Владата, како и локалните претставници од општините.

Предизвиците со кои се ссочува дијаспората се обезбедување на документи, определување на работниот стаж и остварување на правото за пензија и други. На состанокот присутните разговараа за изнаоѓање на прагматични решенија за Македонците во странство. Беше дискутирано, преку стратегијата за дијаспората, да се организираат работилници на Кои ќе се презентираат предизвиците но и решенијата за прашањата.

Вицепремиерот Маричиќ ја истакна важноста од редовна комуникација на дијаспората со Владата со цел изнаоѓање на решенија со кои ќе се надминат предизвиците со кои се соочуваат Македонците надвор од државата. Решенијата треба да бидат адаптирани согласно државата во која се исселени согласно системот во кој живеат. Важно е да се фокусираме на приоритетите, вадење на документи и дефиниција на стажот на секој иселеник – рече Маричиќ.

На состанокот присуствуваа и националниот координатор за дијаспората, Фатон Асани, Државниот секретар на Министерството за надворешни работи Филип Тосески, и 20тина претставници од општините низ државата, соопштуваат од Владата.

Можете да прочитате

МЗ: За два и пол часа во Скопје направени 150 тестирања на црн дроб

ИЈЗ: Постојаното седење на климатизирано може да предизвика здравствени проблеми

Маријана Илиевска е нова членка на Советот на јавни обвинители