Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Маричиќ: Со регионална соработка градиме европска перспектива за македонското стопанство

Маричиќ: Со регионална соработка градиме европска перспектива за македонското стопанство
Dik 300x250 mk

Вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, присуствуваше на отворањето на првиот Меѓународен саем „Винска визија на Отворен Балкан“ во Белград.

dobivaj vesti na viber

„Балканот е отворен за соработка, развој, напредок и градење нови пријателства кои сигурно обезбедуваат просперитет за граѓаните и водат кон Европската Унија“ напиша Маричиќ на Фејсбук.

Автентичноста на нашите производи произведени од македонските земјоделци, претставени на овој саем, ја отсликуваат нашата традиција и култура, смета Маричиќ.

Според него, македонските производи поради препознатливоста и единственоста, ги прави конкурентни и барани не само на регионалните, туку и на светските пазари.

Маричиќ додава дека Владата ќе продолжи дополнително да дава поддршка за стопанството преку отворање  нови можности за интегрирање на македонскиот во европскиот пазар.

Извозот, откупот, новите пласмани на пазарите во регионот и Европа на македонските храна и вина се поддржани преку програмата ИПАРД која директно придонесува за подобрување на пазарната ефикасност и за приближување до стандардите на ЕУ во земјоделско-прехранбениот сектор, како и за развој на економијата во руралните средини, истовремено придонесувајќи за зајакнување на домашната економија.

На Саемот во Белград од Северна Македонија учествуваат 42 винарници и 3 дестилерии кои ќе се претстават со повеќе од 300 различни типови македонски вина и ракии, како и повеќе од 10 производители на храна од Северна Македонија кои ќе ја претстават автентичната македонска кујна.

 

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНE: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Левица ќе поднесе тужба во Стразбур по одлуката на Уставниот суд

Ина Многуфина саркастично за случајот Кузмановски: „Јака казнава“ – системот полн дупки!