Утрински Весник
Македонија

Маричиќ од денеска во Брисел, почнува скринингот за кластерот 3, „Конкурентност и инклузивен раст“

Маричиќ од денеска во Брисел, почнува скринингот за кластерот 3, „Конкурентност и инклузивен раст“

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања и главен преговарач со Европската Унија од денеска престојува во Брисел по повод почнувањето на објаснувачките скрининг-состаноци за кластерот 3, „Конкурентност и инклузивен раст“.

dobivaj vesti na viber

Објаснувачкиот скрининг за овој кластер почнува со денешниот објаснувачки состанок за Поглавјето 10, „Дигитална трансформација и медиуми“, на кој македонскиот преговарачки тим ќе ги слуша експертизата, препораките и советите од Европската комисија во оваа област, кои понатаму ќе бидат водич во подготовките за билатералниот скрининг во ова поглавје, информираат од Секретаријатот за европски прашања.

Досега успешно се завршени објаснувачките скрининг-состаноци за кластерот 1, „Темели“, и за кластерот 2, „Внатрешен пазар“, што е и констатација на Комисијата во годишниот извештај за Северна Македонија за 2022 година, дека процесот на скрининг се одвива непречено, а земјата покажува високо ниво на посветеност.

До крајот на оваа недела ќе се одржат и скрининг-состаноците за поглавјата 16, 17, 19, 20, 25, 26 и 29, односно поглавјата „Даночење“, „Економска и монетарна политика“, „Социјална политика и вработување“, „Претпријатија и индустриска политика“, „Наука и истражување“, „Образование и култура“ и „Царинска унија“.

По одржувањето на првата меѓувладина конференција со ЕУ во јуни годинава, со која официјално Северна Македонија ги отвори преговорите, почна скрининг-процесот, кој се состои од две фази. Првата е објаснувачкиот скрининг – кога Европската комисија ќе го презентира најрелевантното законодавство на ЕУ за сите поглавја, сега групирани во кластери, односно во случајот на нашата земја ќе се направи самоажурирање на релевантните акти (имајќи предвид дека ние веќе поминавме низ овој процес во 2018-2019 година). Втората фаза од скринингот, односно билатералниот скрининг, кој почнува на 11 ноември за кластерот 1, „Фундаментални вредности“, претставува процес во кој ние ги презентираме степенот на усогласеност на националното законодавство и плановите за понатамошно усогласување, градење институционални и административни капацитети, како и потребни човечки, финансиски и ИТ-ресурси за спроведување на европските стандарди.

Можете да прочитате

Лукаревска: Со гордост ја напуштам функцијата, на Фани ѝ посакувам успех во зацврстувањето на социјалдемократските вредности

Зоран Заев единствен државник од Балканот спомнат во мемоарите на Меркел

Поради сообраќајна несреќа, во прекин сообраќајот на патот Велес – Градско