Утрински Весник
Македонија

Маричиќ: Не бараме ништо друго освен заслуженото место во ЕУ

Маричиќ: Не бараме ништо друго освен заслуженото место во ЕУ

Сега е време за храбри одлуки и реафирмација на консензусот за европската иднина на Северна Македонија и за нашето членство во ЕУ, истакна вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ по средбата со Лоранс Бун, државна секретарка задолжена за Европа при Советот на министри на Република Франција, Ана Лирман, министерка за Европа и клима на Сојузна Република Германија и министерот за Европска Унија на Република Полска, Шимон Шинковски вел Сенк.

dobivaj vesti na viber

Земјата, како што рече, е цврсто решена да продолжи по европскиот пат и е подготвена во наредниот краток рок да ги исполни приоритетите од реформската агенда.

Тој изрази очекување од сите политички партии и пратеници да придонесат за интензивирање на преговарачкиот процес. Апелираше да се донесат уставните измени. Кaко што потенцира уставните измени, ќе бидат покажување на дело, вистинска грижа за интересите на државата и граѓаните.

„Тонот и позитивната атмосфера кои доаѓаат од нашите европски партнери и сојузници заедно со новиот план за забрзана интеграција, предложен од ЕК, се доволна причина за оптимизиам и поттик да создадеме услови за нова динамика на процесот која сите ја очекуваат. Владата сигурно и непоколебливо ја води државата на европскиот пат, подготвени сме во наредниот краток рок да ги исполниме приоритетите од реформската агенда, да докажеме дека сме држава која има капацитет во наредниот пероид да напредува во европскиот пат и да остане промотор на европските вредности. Токму затоа не се откажуваме од воспоставување дијалот за најважниот процес и за политички консензус за ЕУ. Очекувам на сите политички партии и на сите пратеници да ни биде приоритет да го продолжиме успехот од пред една година и да го нтензивираме преговарачкиот процес. Со стратешка и проактивна политика да ги направиме уставните измени и да го надминеме периодот без никаква штета и без mожност да се вратиме назад во чекалната или, пак, во изолираното минато. Тоа сме го поминале и тоа не го сакаме ниту за нашите граѓани, ниту за нашите идни генерации. Имаме прилика која ретко се појавува. Последните 20 години ја имаше само Хрватска од нашиот регион и мудро и државнички ја искористи. Мислам дека можеме да ја искористиме и ние можноста Северна Македонија да биде позитивен пример што ќе пренесува во регионот“, рече тој.

Според него,државата го бара заслуженото место во ЕУ и тоа, како што рече, да биде со следниот пакет на проширување.

„Да се погрижиме да ги завршиме навреме обврските и да имаме план во догледно време за членство во ЕУ. Ова е добар момент за земја која ќе ги исполни условите да потврди со својот пример дека може да биде успешна приказна и за ЕУ и за целиот регион, додаде тој.

Можете да прочитате

Заплена на нелегални дрва, приведен и вработен од „Македонски шуми“

Што може да донесе утрешниот Конгрес на СДСМ?

Во Битола санирани проблемите од вчерашното невреме