Утрински Весник
Македонија
Img 7972

Маричиќ – Мишчевиќ: Со заедничка координација и соработка го забрзуваме патот кон ЕУ

Маричиќ – Мишчевиќ: Со заедничка координација и соработка го забрзуваме патот кон ЕУ
300x250 opst2

Заменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска е домаќин на српската делегација предводена од министерката за евроинтеграции на Република Србија, Тања Мишчевиќ, со која на билатералната средба потпишаа меморандум за соработка за прашања од областа на европската интеграција.

dobivaj vesti na viber

На состанокот Маричиќ рече дека со Србија имаме блиска соработка и традиционални врски меѓу двата народа, но она што е најважно, како што вели тој, е дека „и двете држави имаат заедничка иднина, а владите ист интерес: Да ги развиваме двете држави по европски терк и да обезбедиме подобар живот за нашите граѓани“.

Маричиќ посочи дека почетокот на пристапните преговори на Северна Македонија со ЕУ отвора уште едно поле на заеднички интерес со Србија, на кое интензивно ќе работиме во следниот период.

„Ова е уште една потврда дека даваме посебно значење на нашата соработка и натамошниот развој на севкупните билатерални односи во исполнувањето на нашите стратешки цели. Со денешното потпишување на меморандумот за соработка придонесуваме кон поуспешна подготовка и олеснување на процесот на пристапување во ЕУ. Искуствата и размената на знаење, информации, практики меѓу преговарачите, групата на преговарачи, експертите вклучени во пристапните преговори, како и меѓу ресорните министерства и агенции во спроведувањето на политиките на ЕУ во сите кластери, ќе ни биде важен придонес во ефикасното водење на процесот“, рече тој.

Министерката за евроинтеграции на Србија рече дека долгогодишната и успешна соработка меѓу две институции, кои вршат стратешка работа за владите на Србија и Северна Македонија, денеска доби добра институционална рамка токму со меморандумот за соработка во процесот на европска интеграција.

„Наша задача не е само да учиме едни од други, туку да се обидеме да најдеме заеднички пристап кон Европската Унија и земјите членки кога е во прашање конкретната имплементација на новата методологија, заеднички да одговориме на некои прашања, но и заеднички да отвориме некои, да се обидеме да ги направиме што е можно повеќе кон разбирање на потребите на нашите земји“, рече Мишчевиќ.

Потенцира дека сега е особено важно да се задржи динамиката со оглед на новата геополитичка реалност, која даде нов момент што треба да го искористат земјите од Западен Балкан за напредок кон ЕУ.

Можете да прочитате

Филипче од Прилеп: Под превезот на лажниот патриотизам донесоа ослабена економија и поделена држава

Филипче од Прилеп: Патриотизам не е да создадеш лажна гордост, туку да обезбедиш услови луѓето да живеат гордо

Сиљановска-Давкова денеска разговараше со претставници на „Habitat for Humanity International” и на „Хабитат Македонија”