Утрински Весник
Македонија

Маричиќ денеска во Атина на средба со Варвициотис

Маричиќ: Човековите права ќе бидат показател за подготвеност за членство во ЕУ

Заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, денеска престојува во еднодневна официјална посета на Атина, Република Грција каде ќе се сретне со алтернативниот министер за надворешни работи на Република Грција задолжен за европски прашања, Милтиадис Варвициотис.

dobivaj vesti na viber

Македонските евроинтеграции, Западен Балкан, политика на проширување на ЕУ, енергетиката, војната во Украина и отворање нови можности за соработка се темите на кои Маричиќ ќе разговара со својот грчки колега Варвициотис, брифираат од Секретаријатот за европски прашања.

Во рамки на посетата на Атина, Маричиќ ќе учествува, како главен говорник, на тркалезна маса организирана од Програмата за Југоисточна Европа на Грчката фондација за европска и надворешна политика, ЕЛИАМЕП.

После состанокот на двете делегации предводени од вицепремиерот Маричиќ и алтернативниот грчки министер Варвициотис, ќе следат изјави за медиумите.

Можете да прочитате

„Винчини“ ќе се обнови – „Макпрогрес“ ќе ги задржи сите вработени

(фото) Вечерва тешка сообраќајка во населба Аеродром

Претседателката Сиљановска Давкова доби пес Караман кој треба да биде признаен за автохтона македонска раса