Утрински Весник
Македонија

Маричиќ – Бомгартнер: Поддршката од Франција за евроинтеграцијата на државата е цврста заложба за продолжување на процесот

Img 20240520 Wa0012.jpg
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Првиот заменик претседател на Владата задолжен за европски прашања Бојан Маричиќ се сретна со амбасадорот на Франција Сирил Бомгартнер и новата француска експертка за ЕУ интеграции, Миа Матковиќ. 

„Евроинтеграцијата е основа за стабилен и социоекономски развој на државата. Започнатите процеси во преговорите со ЕУ треба да продолжат да ја исполнуваат стратешката цел за полноправно членство, имплементација на Планот за раст на Европската Комисија со големи придобивки за сите граѓани на државата, регионот и Европа.“

На средбата присутните се согласија дека продолжува француската поддршка за Северна Македонија на патот кон ЕУ, потврдувајќи ја посветеноста на Франција за ЕУ интеграција на земјите од Западен Балкан. Средбата имаше за цел да ја претстави новата француска експертка за ЕУ интеграции која се приклучи на Секретаријатот за европски прашања во април.

Можете да прочитате

Семејствата од Кочани со потресна порака до Швајцарија: „Ја носиме истата рана“

Министерството за здравство подготвено да обезбеди медицинска помош за повредените од пожарот во Кран-Монтана

По трагичната несреќа во Швајцарија, Македонија подготвена да прифати повредени