Утрински Весник
Магазин

Маргот Роби го донесе гламурот на премиерата на „Вавилон“

Маргот Роби го донесе гламурот на премиерата на „Вавилон“

Маргот Роби и Оливија Вајлд ги привлекоа сите погледи на себе кога му се придружија на елегантниот Бред Пит на премиерата на „Вавилон“ во четвртокот вечерта во Лос Анџелес.

dobivaj vesti na viber

Роби (32) ја покажа својата убаво обликувана фигура во смел црн фустан додека се движеше на црвениот тепих со своите колеги од новиот филм, комедија драма што го оживува гламурозниот Холивуд од 20-тите.

Австралиската актерка, кандидатка за „Оскар“, има смел пресек на стомакот што ги става стомачните мускули во преден план.

Таблоидите објавија фотографии од настанот и од главните актери на своите насловни страници. Сепак, најпозитивни коментари собра австралиската ѕвезда: „За впечатокот да биде уште поголем, придонесе бизарниот крзнен додаток што виси над левата нога на Роби и се влече по подот“.

Драмата „Вавилон“ во режија на Демјиен Шазел ја рекреира златната доба на Холивуд во 20-тите на минатиот век. Бред Пит и Марго Роби ги толкуваат главните улоги.

Можете да прочитате

Еве зошто одењето е поздраво од трчањето

Ангелските души се раѓаат во овие три знаци! На нивната добрина и нема крај

Печурките имаат магично својство! Ја подобруваат меморијата и ја намалуваат анксиозноста