Утрински Весник
Спорт

Марчинијак: Французите не се жалат дека сите резерви беа во терен кога Мбапе шутираше пенал

Марчинијак: Французите не се жалат дека сите резерви беа во терен кога Мбапе шутираше пенал

Полскиот судија Шимон Марчинијак, кој го судеше финалето на Светското првенство меѓу Аргентина и Франција, одговори на обвинувањата на Французите дека директно влијаел на исходот на натпреварот кој Аргентина го доби со 4:2 на пенали, откако беше 3:3 по 120 минути.

dobivaj vesti na viber

Ден по финалето се појави видео на кое се гледа како двајца играчи на Аргентина истрчале на теренот пред голот на Меси за 3:2 во продолжението, а Французите се жалат дека не требало да биде досуден пенал за Аргентина. Беше покрената дури и петиција за повторување на финалето на Светското првенство, но сосема е јасно дека ништо нема да излезе од тоа.

„Французите се жалат на голот на Меси, но не кажаа ништо за голот од пенал на Мбапе, пред кој на теренот беа седум француски фудбалери“, изјави Марчинијак на прес-конференцијата покажувајќи ја фотографијата на мобилниот телефон на која се гледа пеналот на Французинот.

Шимон Марчинијак, судијата за финалето на Светското првенство, одговори и на критиките дека вториот гол на Лионел Меси не требало да биде регуларен.

„Французите не ја споменаа оваа фотографија, каде што можете да видите како има седум Французи на теренот кога Мбапе ќе постигне гол од пенал“, истакна Марчинијак.

„Прво, за двете ситуации да бидат казниви, односно да се прекине играта поради нив, тие играчи треба директно да влијаат на играта, тука навистина ништо не влијаеше“, додаде Марчинијак и продолжи:

„Многу судии ме контактираа, вклучително и Французите, кои ми кажаа дека судев одлично. Мбапе по натпреварот изјави дека судискиот тим е одличен. Мислам дека ова беше само обид за некаков сензационализам.“

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина